Принцот на маглата

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Од голем град, загрозено од близината на војнта, семејството на часовничарот се сели во мало приморско место. Толку мало и заштитено што може да се рече дека времето во него запрело. Меѓутоа, уште при слегувањето од возот, тринаесетгодишниот Макс сфаќа дека стрелките на станичниот часовник сепак не стојат – туку се движат назад.

Семејството се вслеува во старата куќа на брегот која, со доаѓањето на новоот семејство, почнува да ги открива своите морничави тајни: кутијата со филмови што ги снимиле претходните станари, сенишните гласови што доаѓаат од длабочината на еден орман, оградената градина полна сенишни, речиси живи статуи на циркусанти, наредени по кружница што ги сврзува темнината на шестокрака ѕвезда, во чија средина се наоѓа статуата на кловн... Истражувајќи го својот нов свет и надвор од дворот на куќата. Макс и сестра му Алисија се запознаваат со Роланд... Во потрагата по вистината за еден бродолом, на малата дружина почнува да и се отркива ужасната приказна за Принцот на малгата, ужасна исто колку и сознанието дека и тие се ликови што ја градат приказната.

Сподели на Facebook