Септемвриски светлини

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

По смртта на сопругот и таткото, Симона и двете нејзини деца Ирена и Доријан го напуштаат Париз. Симона ја прифаќа работата како домаќинка во необичната куќа на мистериозниот производител на играчки Лазарус Јан. Меѓутоа, идиличното местенце во Син Залив ги крие своите мрачни тајни: огромната куќа населена со механички суштества и сенки од минатото, енигмата на необичните светлини што сјаат низ маглата околу островчето со светилникот, суштеството од ноќниот кошмар што се крие во најголемаа длабочина на шумата. Тие мистерии засекогаш ќе ги соединат Ирена и младиот Исмаел во текот на едно волшебно лето во Син Залив – мистеријата што ќе ги одведе по патот на највозбудливи авантури во кривулестиот свет на светлините и сенките. Таинственото полека се претвора во натприродно, а напнатоста во хорор.

Сподели на Facebook