Руска зима

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Кога решава да ја даде на ааукција нејзината впечатлива збирка напоцен накит, Нина Ревскаја, поранешна ѕвезда на театарот Болшиј, верува дека конечно ја спушта завесата над своето минато. Наместо тоа, поранешната балерина се наоѓа себеси обземена од сеќавањата на нејзината татковина и случките, истовремено славни и трогателни, кои и го смениле текот на животот засекогаш пред речиси половина деценија.


Во Русија ја открила магијата на тетатарот; таму се вљубила во поетот Виктор Елсин; во таа земја заедно со нејзините најмили пријатели – Герш, брилијантен композитор и единствената Вера, најблиската пријателка на Нина, станале жртви на агресијата на Сталин. И, токму во Русија едно застрашувачко откритие ќе поттикне смртоносен чин на предавство – и неверојатното бегство на Нина на Запад, и на крај во Бостон.
Нина ги беше чувала своите тајни речиси половина живот. Но двајца луѓе не дозволуваат минатото да мирува: Дру Брукс, љубопитната млада соработничка во една бостонска аукциска куќа, и Григори Солодин, професор по руски јазик, кој верува дека иникатниот комплет скапоцен накит можеби го крие клучот за неговото сопствено нејасно минато. Заедно, овие навидум двајца различни луѓе, почнуваат да ја расплетуваат таинственоста со која се обвиткани едно љубовно писмо, помеа и ѓердан со непознато потекло, предизвикувајќи раздвижување на серија откровенија што ќе ги изменат животите на сите ликови.

 

Сподели на Facebook