Засекогаш твоја

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

На крајот од најпродаваното нејзино дело Јади, моли се и уживај, Елизабет Гилберт се вљубува во Фелипе, Бразилец со австралиско државјанство. Заминувајќи во Америка, двојката се колне на вечна верност, но истовремено се заветува дека никогаш во животот, под никакви услови нема легално да се венчаат (Двајцата преживеале тешки разводи. Доволно е кажано.). Сепак, еден ден се вмешува судбината, олицетворена во Владата на САД, која – откако неочекувано ќе го притвори Фелипе на американската граница – ќе и даде избор на девојката: или ќе се венчаат, или на Фелипе нема да му дозволат да влезе во земјата.

Откако ќе се венчаат, Гилберт почнува да зборува отворено за своите стравови од бракот, така што целосно ја обработува оваа тема, обидувајќи се со сите сили да открие, преку историски истражувања, интервјуа и многу лични искуства, што претставува оваа тврдоглава, древна институција. Раскажана со нејзината позната досетливост, интелегенција и страст, Елизабет Гилберт во својот роман Засекогаш твоја прави обид да ги вклучи сите сетила кога станува збор за бракот, така што искрено ги преиспитува прашањата поврзани со меѓусебната подносливост, залуденоста, верноста, семејната традиција, општествените очекуваеа, ризиците од разводи и понизното однесување. Ова дело претставува прослава на љубовта во сите нејзини сложености и последици кои ги носи со себе вистинската љубов во вистинскиот, реален свет.

Сподели на Facebook