Вистинската приказна за клубот Билдерберг

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Најмоќните луѓе на светот прв пат се состанале во 1954 година под покровителство на холандското кралско семејство и Рокфелерови во раскошниот хотел Билдерберг. Со денови расправале за иднината на светот. Донеле одлука да се состануваат секоја година со цел да ги разменат своите мислења и да извршат анализа на меѓународната ситуација. Себе се нарекле Клуб Билдерберг. Од тогаш, се состануваат секоја година секогаш на некое раскошно место и донесуваат одлуки за иднината на човештвото. За повеќе од педесет години, колку што се одржуваат состаноците, не е дозволен пристап на ниту еден новинар, не е издадено ниту едно соопштение за нивните заклучоци, ниту пак јавноста е информирана за дневниот ред на состаноците.
Клубот Билдерберг за жал ги надмина своите идеалистички корени и прерасна во светска влада во сенка, која во апсолутна тајност одлучува за судбината на човештвото. Тие ни го скратуваат правото да управуваме со сопствените судбини, а развојот на телекомуникациските технологии заедно со новите научни достигнувања и новите методи на бихевиоралниот инженеринг за манипулација со поединец и неговото однесување, го овозможуваат, во вистинскиот живот она што порано беше фантазија и им олеснува на билдербезите да го постигнат тоа што го наумиле. Секоја нова мерка, гледана изолирано, може да изгледа како случајност, меѓутоа сите тие заедно создаваат целина чија крајна цел е потполно поробување.

Затоа крајно време е да се ѕирне зад сцената...

Сподели на Facebook