Понатаму по патот по кој поретко се оди

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ова продолжение на „Патот по кој помалку се оди“ ги поставува прашањата за личниот раст и духовниот развој и нуди увид во следниве области: обвинување и проштевање, сексуалноста и духовноста, самољубието наспроти самодовербата, и заедништвото и изолираноста во браковите и семејствата.

Четири фази на психодуховен раст се психолошка алатка која може да се примени и кај организации, кај поединици, и е вредно објаснување за она што умните, интелигентни луѓе инстиктивно чувствуваат за верските институции и учења. Дефинитивно добра книга за читање ако сте биле изневерени или збунети од религиозната доктрина од вашето детство. Едноставно, животот ги менува нештата.

Стилот на пишување на авторот е јасен, концизен, интересен и сигурно не би сакале книгава да ја прочитате набрзина. Има многу луѓе кои се борат да ја најдат насоката во нивните животи, а оваа книга сигурно ќе дејствува како почеток и ознака што ќе  им го покаже вистинскиот начин.


Сподели на Facebook