Венецијанското предавство

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Откако одвај успеаја да избегаат од пламенот на еден музеј во Данска, Котон Мелоун  од својата пријателка, прекрасната авантуристика Касиопеја Вит, дознава дека пожарот не е случаен ниту единствен. Пеколните пожари со натприродни моќи проголтале многу зданија низ цела Европа за да се прикрие ѓаволскит план. Од пепелта на Советскиот Сојуз се издига нова држава, поранешните советски републики се обединети во Централно Азиската Федерација. На нејзиното чело е Ирина Зовастина, итра жена талентирана за политика и крвави спортови, опседната со желбата да го надмине  Александар Велики и стане најголемиот освојувач во историјата на човештвото.

Котон и Касиопеја заедно мораат да ги надвладеат сојузничките сили кои се обединиле напротив нив. Таа опасна задача ќе ги однесе до брегот на Данска, до славните споменици на Венеција и конечно високо на планинскиот масив Памир во Централна Азија да се разрешат загатката која може да уништи или да спаси милион луѓе во зависност од тоа кој прв ќе ја пронајде загубената гробница.

„Чиста мистерија, чиста забава“

 

 

Сподели на Facebook