Во друштво на куртизаната

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

„Мојата господарка Фјамета Бјанкини си ги кубеше веѓите и си ги грицкаше усните за да поцрвенат, кога се случи незамисливото. Војската на царот на Светото римско царство направи дупка во sидот на божјиот вечен град, низ кој ја навали порој од полуизгладнети, полулуди војници, што мислеа само на грабеж и уништување“.

Додека папскиот град, што го опустошиле опсадувачите и протестантските еретици гори, двајца итреци, Фјамета Бјанкини, познатата градска куритизана, и нејзиниот придужник, џуџето Бучино Теодолди, ја планираат иднината врз пепелиштето на саканиот град. Нивното златно грне е блескавата Венеција, во која непобедливите партнери тргнуваат на поход кон богатството: Бучино, со остар ум, брзо око и отровен јазик, и Фјамета, со божествена убавина и ѓаволски карактер, од мала научена да заведува, забавува и задоволува мажи кои можат да го платат тоа. Меѓутоа, Венеција е полна со искушенија: од Турчинот што е во потрага по нови млади љубовнци за својот султан, до растреперената страст на младиот љубовник на Фјамета, кој сака многу повеќе од бурните ноќи.

Најголем предизвик на златната  Венеција е таинствената слепа девојка што ќе влијае уништувачки врз нивните животи.


 

Сподели на Facebook