Редот на каменот

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Со масовното убиство во манастирот во Вермонт започнува втората книга од трилогијата која Дејвид Морел ја нарече „Редот на каменот“ (Првата книга е „Братството на ружата“, а третата „Лига на ноќта и маглата“). Главен лик е  Дру кој се обидува да открие што се крие зад убиствата во закрилата на Католичката црква, за на крајот да дојде до неверојатно откритие за т.н. ред на каменот, зад кое се крие тајна, разузнавачка служба на Католичката црква, чиишто корени се уште во Крстоносните војни.

По разнесувањето на родителите пред неговите очи на неговиот десетти роденден, започнува пеколниот и несреќен живот за оперативецот Дру. Тој тргнува во постојана потрага и одмазда на убијците на своите родители. По престојот од шест години во манастир во редот на Картузијанците, со цел да ја смири својата душа и да најде мир, повторно започнува најжестоката потрага откако ќе открие  дека некој сака и него да го убие. По низа средби и убиства со разни непријатели, а истовремено и со својата некогашна девојка Арлин, со нејзина помош, а и со помош на отец Станислав го започнува ликвидирањето на еден по еден, а меѓу нив и на својот двојник кој го  користат за разни нечесни операции.

По многуте тешкотии и страдања, по многуте изненадувачки откритија за тоа кој се е замешан, Дру на крајот открива дека главниот виновник и нарачател на убиството на неговите родители е неговиот близок пријател, вујко Реј, кој всушност го зема Дру под своја закрила и заштита на смртта на родителите. Но, зад него се криел друг лик, а не како што мислел Дру, неговиот заштитник и помошник....

Сподели на Facebook