Царска потера

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Котон Малоун е убеден дека татко му загинал во катастрофална подморничка несреќа, се додека не налета на шокантни податоци дека неговиот татко всушност се наоѓал на таен нуклеарен брод кој што исчезнал под ледените брегови на Антарктикот.

Две близначки чијшто татко бил на истата тајна мисија му откриваат на Малоун   дека нацистите го истражиле Антарктикот повеќе децении пред Американците, и тоа благодарение на трагите од гробницата на франкискиот цар Карло Велики.

Малоун дознава дека  гробните списи укажуваат на тоа дека кобното патување на неговиот татко е тесно поврзано со откритието дека може да предизвика огромни последици за човештвото. Заедно со близначката, Малоун тргнува во опасна потрага која го води до немилосрдниот антарктички лед, каде што конечно ќе се соочи со вистината за смртта на татко му.

Стив Бери одлично ги спојува различните елементи, историските загатки и научните сознанија во една мистична, возбудлива целина. Оние кои што уживаат во мистични, напнати трилери нема да можат да се одвојат од оваа книга.

Сподели на Facebook