Повеќе од патот по кој поретко се оди

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Повеќе од патот по кој поретко се оди е кулминација на животната определба на д-р М. Скот Пек за советување,, предавања и пишување и завршница на трилогијата „Патот“. Во неа, ние сме  доведени до подлабока свесност за тоа како да се живее богат, исполнет живот во светот полни со стрес и анксиозност.

Со ретка комбинација  на проникливи психолошки согледувања и длабока духовност што веќе им е раскажана на милиони читатели, д-р Пек говори за донесувањето одлуки и изборот што го правиме секој ден во бизнисот и дома и за етичките избори што можат да влијаат на самиот опстанок на човештвото.

Ја откриваме разликата помеѓу доброто и злото, како да го надминеме нарцизмот, како да се љуби и да се биде сакан, да се живее со парадоксот, да се прифатат последиците од нашите постапки во животот и да се дојде до периодот на умирање и смрт.

Д-р Пек е водич низ авантурата каква што е животот, учењето и духовниот раст – најголема животна авантура. Пишувана длабоко и моќно, уште од првата глава, па до својот лирски и поетски заклучок, Повеќе од патот по кој поретко се оди е авантура сама по себе.

Сподели на Facebook