Поинаков пат

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Главната цел на човековата  комуникација е - или треба да се биде – помирувањето. Тоа во крајна линија треба да служи за намалување или отстранување на sидовите на недоразбирање кои неправедно не одделуваат нас, човечките суштества, едно од друго. Иако имаме развиено технологија за комуникацијата да стане поефикасна и луѓето да ги направи поблиски, ние не успеваме да ја искористиме за изградба на вистинска глобална заедница.

Д-р Скот М. Пек верува дека ако сакаме да го спречиме уништувањето на цивилизацијата сама од се, итно мора да ја обновиме на сите нивоа, локални, национални и меѓународни, а тоа е и првиот чекор кон духовниот опстанок.

„Поинаков пат“ е напишана за сите оние кои се заинтересирани за градење заедница, а не само за едукаторите. Во неа нема да најдете класични наставни стратегии што можат да се искористат за изградбата на заедницата како на час, во училница. Сепак, за едукаторите кои сакаат да изградат цврста заедница во своите класови, д-р Пек ги  претставува четирите фази од развојот на вистинската заедница. Тие фази се псевдозаедницата, хаосот, празнината и заедницата.

Во оваа радикална и предизвикувачка книга, тој опишува како функционираат заедниците, како групната акција може да се развива врз принципите на толеранција и љубов и како можеме да започнеме да го трансформираме светското општество во вистинска заедница.  


Сподели на Facebook