Мост преку вечноста

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Кога ќе ја пронајдеш својата вистинска љубов, зграпчи ја. Минатото никогаш не се враќа за да го промениме. Една одлука влијае на целиот живот. Понекогаш изгледа страшно, изгледа тешко, сомнежите не јадат однатре, двоумењето ни ги затвора очите и не прави слепи и затворени за светот.

Ричард Бах се плаши. Се плаши од тоа дека нема никогаш да ја пронајде вистинската  љубов. Се плаши кога ќе ја пронајде. Се плаши дека се излажал.

Во тој страв, кој му го задушува и кочи целото битие, тој решава да побегне, да  побегне од љубовта воопшто. Меѓутоа, љубовта ги наоѓа своите патишта. Бах решава да порасне и да ја преземе одговорноста за себе и сопствениот живот, да ја прими љубовта со сето свое битие, затоа што, иако понекогаш боли, само така вистински се живее

Сподели на Facebook