Судбоносна одлука

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Мари-Анж Хокинс имаше детство за какво повеќето луѓе можат само да сонуваат. Тоа беше детство исполнето со слобода, љубов и сигурност, а поминато во еден стар француски дворец. Но, кога таа ќе наполни единаесет години, една голема несреќа ќе стави крај на нејзиниот идиличен живот. Сираче и сама, таа ќе биде испратена во Америка, на една фарма во Ајова, да живее со една своја баба која знае како да и го загорчи животот. Мари-Анж е принудена неуморно да работи на фармата, сонувајќи само за денот кога повторно ќе се врати во својот омилен дворец во Франција.

Сподели на Facebook