Филозофија на здодевноста

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Дали сте помислиле колкав процент од животот сте го поминале во здодевност? Дали сте размислиле, дали сте размислувале, зошто ве обзема здодевноста, зошто толку често се наоѓате во состојба која ниту можете да ја опишете ниту да знаетее од каде и зошто доаѓа?
Здодевноста значи загуба на смислата, а тоа е сериозен проблем. Сите кои  ја опишуваат ја  сфаќаат како зло. Таа е „привилегија“ на модерниот човек; секогаш содржи критички момент, зашто укажува на длабоко незадоволство.
Здодевноста е некој вид тивка проба на смртта. Ни овозможува перспектива на постоење во која човекот согледува дека е целосно бесмислен... Јосиф Бродски: „Здодевноста зборува со јазикот на денешнината и ќе ти го овозможи највредното знаење во твојот живот“... имено, дека си целосно незначаен.
Може да се здодеваме на многу начини, поради предмети или поради луѓето, можеме самите себе да си здодеваме, но постои и безимена здодевност во која нема ништо конкретно што ни здодева. Луѓето се здодеваат зашто здодевноста не поседува никаква содржина...

Сподели на Facebook