Засекогаш во срцето

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Три познати актерки во своите триесетти се  среќаваат со сознанието дека нивниот живот не е онаков каков што го замислувале кога биле млади и амбициозни. Каде погрешиле? Дали барајќи ја својата визија и надевајќи се дека ќе имаат повеќе љубов, аплаузи, деца, пари и среќа?

Романот Засекогаш во срцето е мелодрама која ќе ви предизвика и солзи и смеа, но и ќе ве поттикне да го побарате одговорот на прашањето: Дали треба да трчате по среќата, или како што вели главниот лик „се она по кое трчате се брани и бега од вас“.
Како Надежда, Тамара и Маринела се носат со бившата љубов, разводот, родителството, љубовниците, управителите, таблоидите, изневерувањата, болестите и годините кога мислат дека се што е битно веќе им се случило.
Познатата белградска новинарка Весна Дедиќ Милојевиќ успеа да ја пренесе емотивноста на нејзината позната емисија „Балканском улицом“ и во својата книга, која ќе ја прочитате во еден здив и ќе  посакате да ја подарите на сите оние кои сакате да ви останат Засекогаш во срцето .

 

Сподели на Facebook