Победникот е сам

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Која е цената на  успехот?

Во победникот е сам, Пауло Коелјо им се навраќа на важните теми од Единаесет минути и Захир.  Тој нуди роман полн со неизвесност, роман што го отсликува светот во кој живееме, каде што нашиот стремеж за луксуз и успех по секоја цена често пати не спречува да слушнеме што срцето навистина ни шепоти.

Во новиот роман, Победникот е сам, Пауло Коелјо не води на Канскиот филмски фестивал, каде што се собира таканаречената суперкласа – тие што успеале во светот на модата и филмот. Некои се пробиле до самиот врв и се плашат да не ја изгубат својата супериорна позиција. Парите, моќта и славата се загрозени – вредности за кои повеќето луѓе се подготвени на се, по секоја цена.
На овој модерен панаѓур на суети се сретнуваат: Игор, руски милионер; кралот на модата Хамид од Блискиот Исток; американската актерка Габриела, желна да дојде до главна улога; амбициозниот криминален детектив Савој, кој се надева дека ќе го реши случајот на неговиот живот, и Џасмин, манекенка на чекор од својата успешна кариера. Кој ќе го спознае својот личен сон меѓу многуте извештачени сништа и ќе успее да си го оствари?

Сподели на Facebook