Дванаесеттиот ден

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Како момче, Макс го поминал детството во светот на боите и бројките, не прозборувајќи се до шестата година. Кога наполнил петнаесет години доживеал клиничка смрт и видел имиња на дванаесет нему непознати личности. Осум години подоцна, Макс  ја сретнал првата мистериозна личност и од тој момент се случуваат многу  настани со кои се потврдуваат древните пророштва на маите дека 2012 година започнува или завршува животот коешто човештвото го познавало во текот на минатите неколку илјади години. Макс тргнува во потрага по преостанатите единаесетмина, во потрага која го води до егзотичната Болвија и Перу, преку Мексико, Изреаел и Кина, па се до Хималаите и сончевата Индија и Виетнам.

Книгата Дванаесеттиот ден ќе ја заскокотка фантазијата на читателите од сите генерации и ќе ги однесе на возбудливо патување на кое еден човек се обидува да дознае дали крајот на светот ќе доведе до уништување на целата планета или преобразба на целото човештво.




Сподели на Facebook