Крстопатот на Константин

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Според легендата, клиновите со кои Исус Христов бил закован за крстот исчезнале после неговото воскреснување. Еден е вметнат како дел од круна, друг е ставен на врвот на копје, а трет е претопен во сечило за меч.... оној кој ќе ги поседува и трите ќе владее со светот. Истата легенда кажува дека едната се наоѓа на Балканот, на југот, во една земја која е потресена од граѓанската војна, во градот каде што е роден Константин Велики.

Во пролетта 1930 година Хајнрих Химлер му подарил мапа на Адолд Хитлер со нацртани шест правци во кои би требало да се движи истражувањето на античкото ариевско минато.
Еден од тие правци покажувал на Србија.
Пет години подоцна, во Ниш, офицерот Хајнрих Кан успева да ја пронајде локацијата на која се кријат тајните на големиот римски император, Мечот за кој Хитлер е толку желен се наоѓа под темелите на античкиот Наис во збирката на оружја означена како КРСОПАТОТ НА КОНСТАНТИН. Но, на патот што Кан треба да го помине, му се испречуваат двајца луѓе: мистериозниот мајор Немања Лукиќи командантот на одбраната на градот германскиот благородник Ото фон Фен. Во исто време, покрај бомбите што сојузниците ги фрлаат од небото, Ниш го тресат страшни убиства... Во лудилото на војната, изгледа како тоа никого да не го интересира, но може  се да се слушне како еден многу стар збор тивко го изговараат војниците на мртвата стража, а тој  збор е ВАМПИР. Во ноќта кога сојузничките бомбардери го запалиле небото над Ниш, огромната желба ги одведе во подземјето оние што немаат што да изгубат. Во мракот, каде што светат очи со боја на пурпур, на местото каде што се сечат границите на двата света, кај КРСТОПАТОТ НА КОНСТАНТИН.    



Сподели на Facebook