Откријте ја својата судбина со калуѓерот што го продаде своето ферари

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Робин Шарма има ретка дарба за пишување книги што се забавни за читање, а сепак вистински го менуваат животот. Оваа книга длабоко ќе ве трогне и ќе ви  покаже како да го живеете животот што сте го посакувале. Откријте ја  својата судбина со калуѓерот што го продаде своето ферари ги нуди новите животни мудрости на сега познатиот Џулијан Ментл, мегауспешниот адвокат кој го заменил својот монденски животен стил и го продал своето ферари за просветлување и вечна исполнетост.

Во приказната што нема никогаш да ја заборавите, ќе научите која е вистинската цел во животот, како да го ослободите вашиот најголем потенцијал, ќе проникнете во тајната на бескрајната радост и директниот  пат до личната слобода. Овој моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции ќе ви ги отвори можностите за кои е предодреден вашиот живот и засекогаш ќе ги трансформира сите димензии на вашиот свет.

Сподели на Facebook