Трагично и патетично

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во оваа книга се собрани кратките драми на Вуди Ален, пишувани помеѓу 1970 и 2003 година. Во нив, необичните ликови запаѓаат во најчудни и бизарни ситуации, какви што само Вуди Ален би можел да замисли.
Според зборовите на самиот автор, неговите драми се еден вид креативен премин помеѓу неговите раскази и филмови и ја отсликуваат неговата постојана преокупација со луѓе кои се обидуваат да се однесуваат колку што можат порационално во крајно ирационални ситуации.
Дополнети со извонредниот дијалог и зајадливата пародија, овие едночинки вешто балансираат помеѓу трагичното и патетичното што, се разбирам, неизбежно резултира со комично.
Софистицирани, сатирични и интересни до последната реплика, кратките драми на Ален успешно се изведуваат во театрите ширум светот. Нивната извонредна сликовитост ги прави одлични за читање, поставувајќи сцена во имагинацијата на читателот и препуштајќи му ја улогата на режисер, актер и гледач истовремено

Сподели на Facebook