Хроники

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кога во 2004 година за првпат се појавија мемоарите на Боб Дилна, никој не очекуваше дека се работи за стандардна автобиографија на еден од најповлечените музички легенди. И навистина, Хроники е необично, но крајно поучно дело, подеднакво импулсивно, ексцентрично и инспирирачко колку и самата музика на Дилан.
Избегнувањето на хронологијата и прескокнувањето на најголемиот дел од клучните моменти што му ги препишуваат многуте биографи, Дилан плови и талка низ својата приказна, засилена со низа поголеми и помали отковенија. Ако ве интересира неговата средба со Битлси зад сцената, побарајте на друго место. Дилан ја опишува сензацијата кога ја слушнал нивната песна “Do you want to know the secret”, на радио, но му посветува многу повеќе мастило на продавачот Сан Пад од Лузијана, кој му кажува: „Мислам дека се што е добро на светов е веќе направено“ и му продава стикер за браник кој гласи Најдобриот дедо на светот. Секако, Дилан се држи до својата агенда – исечок од весникот за боксерите од тешка категорија Џери Квери и Џими Елис и појавувањето на соул – пејачот Џо Текс на Тунајт шоу го поттикнуваат на длабоко размислување, а сепак атентарот врз Џон Кенеди во 1963 не изнудува ниту еден збор од најголемиот „бунтовник“ на музичката сцена.



Сподели на Facebook