Последниот чај

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти и се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џуди, Тарун, Самир... до самиот тебе.

Последниот чај  ги отвара нашите сопствени приказни. Не охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно. Ова е роман во кој понекогаш  и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита.

Почувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокој.

 

Сподели на Facebook