Те посакувам

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Дали ќе успеам да се вратам таму каде што само заљубените чекорат, три метри над небото? Го оставивме со ова прашање... А сега, после две години  минати  во Њујорк, Степ се враќа во Рим. Многу нешта се изменети. Секогаш е така, кога по некое време се враќате на старото место. Благодарение на татко му,  Степ влегува во светот на телевизијата. Живее во станот на брат му, повторно се зближува со мајка му, и секако се среќава со старите пријатели, Будоканиеви, Луконе, Скело, Бардато, Балестри и сите останати. Имаат лузни создадени од болка, повеќе внатрешна отколку надворешна.... Бунтовници, но свесно бунтовни, и што е уште поважно – не се сменети. А, колку ли таа се сменила, неговата Баби? Дали вреди да се обиде да ја оживее љубовната приказна, која беше толку убава и важна, или подобро е засекогаш да ја заклучи? И онака е невозможно да се врати старата магија. Се вратија Степ и Баби, заедно со Паоло, Палина, Даниел, Рафаело, Клаудио... имиња кои добро ги познаваме. И сега се вратија за да се измешаат со други, нови и свежи ликови. Затоа што играта на животот никогаш не престанува. Едноставно не може да престане.  


в

Сподели на Facebook