Портрет на еден шпион

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Даниел Силва знае да напише привлечен политички трилер кој веднаш станува хит во светските книжарници. Со тоа што веднаш ги цитира зборовите на еден регрутер на Ал Каеда дека „Џихадот станува толку американски колку и питата со јаболка и толку британски колку и попладневниот чај“, веднаш ви е јасно дека романот издаден  во јуни 2011 година и е роман за современото живеење и за актуелните случувања во европските и во американските метрополи.


Со „Портретот на еден шпион“, Силва уште еднаш ја следи трагата на израелската тајна служба Мосад, човек кој работел со сите тајни агенции во светот, а сега застанува на кормилото на антитерористичкиот оддел во ЦИА, за да се обиде да спречи бран на ужасен терор низ светските метрополи. Под превезот на реставратор на уметнички слики од најголемите ренесансни автори, како во Лондон случајно налетува на терористички напад организиран од арапските радикални екстремисти и не успева да го спречи....

 

Сподели на Facebook