Филозофија на злото

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Го гледаме злото, правиме зло и изложени сме на злото.
Не ни требаат претстави за пекотот надвор од овој свет. Нацистичките и комунистичките логори на смрта се реализација на претставата за пеколот. Не ни требаат ниту претставите за ѓаволот за да сфатиме што е зол човек – меѓу нас има купишта такви луѓе. Примо Леви: „Ако постои Аушвиц, тогаш Бог не може да постои“.
Насилството не е исклучок во ниеден политички режим. Тоа е нормално. Пресудната разлика не е меѓу насилството и ненасилството туку меѓу легитимното и нелегитимното насилството .
Силувањето не е маргинален проблем и треба да се набљудува како систематска  особина на војната. Во Босна биле силувани 60.000 жени; Јапонците во Втората светска војна во логор сместиле 200.000 од Кореја и систематски ги силувале; во 1971 година во Бангладеш биле силувани 200.000 жени; во 1945 година во Берлин Русите силувале речиси еден милион жени...
По Втората светска војна Германците беа зли, па депортацијата на околу 11,5 милиони Германци од Чехословачка и Полска никого не вознемири. Од нив умреле околу 2,5 милиони, повеќето жени и деца... Во 1995 година беа протерани 250.000 Срби од Хрватска, а бидејќи Србите тогаш беа „зли“, нивната судбина не предизвика големи симпатии.
Тоа што се „другите“ зли не значи нужно дека „ние“ сме добри.

Сподели на Facebook