Филозофија на стравот

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Стравот ни помага да се одржиме во животот. Суштество без способност да чувствува страв има полоши услови за преживување од суштество кое ја поседува таа особина. Но, стравот може да биде и дисфункционален. Ниче се жали дека светот го загубил шармот зашто  повеќе не се плашиме доволно. Стравот му дава боја на светот. Светот без страв веројатно би бил убиствено здодевен. Стравот може да се посматра како основа на сета човечка цивилизација, на вкупниот развој на се со што се опкружени луѓето. Стравот може да биде делотворен за одржување на редот во општеството. Хобс подвлекува дека ниедно чувство не ги прави луѓето помалку наклонети кон кршење на законите од стравот. Стравот ги принудува луѓето да живеат во мир едни со други. Стравот повторно се врати на почесното место како основа на политичката теорија. Историчарот и новинар Мајкл Игнатиев пишува: „Во xx век претставата за човечката универзалност се потпира помалку на надежта, а повеќе на стравот, помалку на оптимизмот по повод човечката способност за добро, а повеѓе на стравот од човечката способност за зло“.  Стравот се користи како средство за општествена контрола: него не го предизвикуваат само терористите кои се наоѓаат на некое неодредено место, туку и јавното информирање за тоа колку се опасни тие терористи. Таа информација натаму се користи за оправдување на мерките кои треба на граѓаниете да им обезбедат сигурност. Политичкиот страв се создава и се одржува. Неговата функција е да ги унапреди различните интереси на политичката практика.

Сподели на Facebook