Непобедливо среце

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Милица Јаковљевиќ МИР – ЈАМ пишува и делува главно помеѓу двете светски војни. Родена е 1886 година во Крагуевац, во Белград веднаш по Првата светска војна и тука ја започнала својата новинарска и писателска кариера најнапред во Белградски новости, а подоцна во Неделни илустрации.
Таа секако се подредува во редот на писателите за забавна литература. Пишува едноставно, нежно, сентиментално и возбудливо.  Нејзините романи се одликуваат со извонредна фабула и заплети, па кога се зборува за феноменот МИР-ЈАМ тогаш пред се мора да се има на ум, дека малку жени и девојки не ги прочитале нејзините романи помеѓу двете светски војни, Таа извршила големо влијание на широката читачка публика во тоа време, особено на жените.
Светот денес се изменил, љубов се води на поинаков начин, но МИР-ЈАМ не забавува како што не забавуваат многу светски писатели со така наречена лесна литература, но таа ни е поблиска, препознатлива, го паметиме светот на нејзините преокупации, така што нејзините  романи имаат културна – историска вредност. МИР-ЈАМ и припаѓала на граѓанската класа во нејзиниот подем и просперитет. И бранејќи ги романтичарските идеали на таа класа, дали истовремено извонредна критика на нејзиниот морал, лицемерство и расипаноста, а тоа веројатно ни самата не ги знаела.

НЕПОБЕДЛИВО СРЦЕ
Убав и образован но сиромашен младич се заљубува во богатата банкарска ќерка, конечно и се доверува дури кога се уверува дека таа не е разгалена како што мислел.


Сподели на Facebook