Никогаш не оставај ме

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Трогателен нов роман од прославениот автор на „Остатоците од денот“ и „Кога бевме сираци“, во којшто одново и суптилно ги скицира реалноста и времето во една опсесивна приказна за љубов и пријателство.
Како дете, триесет и едно годишната Кети живеела во „Хејлшам“, приватно училиште во живописниот англиски предел каде што децата се засолнати од надворешниот свет, израснати со верба дека се посебни и дека нивното здравје е пресудно не само за нив туку и за општеството во кое еден ден ќе живеат. Кети веќе одамна има заборавено на тоа идилично минато, но со враќањето на двајца пријатели од „Хејшлам“ во нејзиниот живот, не може да не ги откопа старите сеќавања.
И додека пријателството со Рут се обновува, а чувствата кои одамна и ја подгреваа адолесцентната симпатија кон Томи се подлабочуваат во љубов, Кети се присетува на годините минати во „Хејлшам“. Го опишува заедничкото и безгрижното растење на момчињата и девојчињата. Опишува и други настани: неслога и недоразбирање кои навестуваат мрачна тајна под воспитувачката фасада на „Хејшлам“.
Од денешна и јасна гледна точка, тројцата пријатели мораат да се соочат со вистината за своите специјални детства.
Со својата приказна за лажовната едноставност романот „Никогаш не ме оставај ме“ бавно разоткрива една извонредно емотивна длабочина и резонанција, заземајќи си го местото меѓу најсуптилните дела на Казуо Ишигуро.

Сподели на Facebook