Не си тој што го посакувам

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

 

Како знаете дека тој е вистинскиот?
Дали имате пеперутки во стомакот од самата помисла на него?
Дали едноставно знаете?
Кога Луси го запозна Нејт во Венеција, веднаш знаеше дека тој е вистинскиот. Фатени во виорот на љубовта, се бакнаа под Мостот на воздишките, според легендата тие ќе останат засекогаш заедно. Но, летото заврши, Нејт се врати во Америка, а Луси во Англија, нивната љубов полека прераснуваше во далечно сеќавање. Десет години подоцна, судбината повторно ги спојува. И уште еднаш. И уште еднаш....
Но што ако Нејт не е оној вистинскиот?
Зошто тогаш на Луси не и поаѓа од рака да прекине со него?
Во оваа духовита и магична комедија ќе дознаете што се случува кога сонот на секоја девојка, да го запознае човекот на својот живот – навистина станува реалност...    



Сподели на Facebook