Раскази за колима

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )


Читајте го Шаламов!
Полека. Трпеливо. Налик на трошката што тој и другите стотици илјади жители на Колима ја оставаат во устата да се топи цела вечност за да ги исцедат од неа сите мириси на лебот!
Ниту, пак, помислувајте да претрчате низ неговите, безмалку, триесет логорски, книжевни години: Тоа не е возможно!
Во нив, тие изгодани сибирски денови и ноќи, во одаите на „пеколот на XX век“, ќе треба да ја здогледате жилата во која уште тече живот... тој голем, тој огромен копнеж по светлина и топлина исправен пред бездушното, систематско, смислено, ефикасно, пред безумното дробење на се што е човечко во човека...
Колимската фреска на Шаламов ќе ве вознемири, ќе ве растревожи и ќе ве восхити мајсторството со кое е насликана

Сподели на Facebook