Разбудената убавица

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Си беше еднаш убава и милозлива принцеза – заспана во срцето на една хаотична, несмасна млада жена.....
На дваесет и осум години, Луси Харпер учителка во основно училиште, се уште се  чувствува како жолт шебој, а не како секс божица за која знаеше дека е заробена во неа. Всушност, таа едвај можеше да се сети кога последен пат имала секс. Таа тврдеше дека е задоволна од сопствениот живот, но не сфаќаше дека е заспана во кома – секс кома. Се додека не пристигна: покана за прослава од нејзината десетгодишнина од матурата.
Другарите на Луси од детството, Џејна и Грејди збунети се од нејзината одлука да присуствува. Но, тие успеваат да го стават своето несреќно детство зад нив.
Можеби ова ќе биде последна шанса Луси да се ослободи од лошата репутација и да ги изненади своите соученици – благодарение на модерната самовила „Глас Слиперс Инкорпорејтед“. За не баш така мала сума, тие ветуваат дека од секоја жена можат да создадат принцеза. Само, доколку пријателите на Луси беа со поголема поддршка, особено Грејди. После се, тој ја сакаше како сестра.
Зарем не?
Набрзо Луси е под контрола на ексцентричната самосоздадена дива Вивиан де Палма.  И дијагнозата е тешка: Луси е заспана во крајната фаза од синдромот на Заспаната убавица – што значи дека нејзиниот љубовен живот е речиси мртов. Може ли Вивиан да ја разбуди до прославата? И дали бакнежот од нејзината тинејџерска љубов ќе биде доволен да ја разбуди? Бидејќи Луси не успеа да ги отвори очите пред една важна вистина: сродната душа за која сонуваше, секогаш беше околу неа.



Сподели на Facebook