Грешница

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Целиот живот во грешниците пасионирано ги откривав обележените со прст и несфатени светици, кои околината не ги прифаќа. Тоа, со текот на времето, стана моја приватна опсесија од која најчесто се плашев, наместо да уживав непречено во гревот. Само една писателка, експерт за опасни и забранети теми, се осмели да ги рехабилитира неправедно жигосаните грешници и да ги издигне на  пиедестал на кој престануваат сите лаги и измами.
Романот „ГРЕШНИЦА“ не е ода на распуштениот живот во вителот на неконтролираните средства, туку осуда на лицемерието и лажниот морал, кои сите ние го прифативме како образец за безболно преживување.
Од тој став авторката вешто ги плете фреските на  нашето време во кое ништо веќе не е свето. Поточно, се живее во скандалозниот терор на насловните страни на таблоидите. Секој, секако, по правило  подобар и почесен од себе, многу лесно успева да го извалка во незамисливите општествени можности на општествена мрежа на медиумите и модерните фабрики за лаги.... Се што е човечко заслужува само  подсмев и презир.
Како единствено само за срамот одамна овде не се знае, буквално е дозволено се, па затоа и јавните грешници се, всушност, последните преостанати светици кои ни даваат надеж дека сепак не е се изгубено, без обsир што во иднина и нашите претседатели ќе се бираат во  најраспаметените телевизиски ријалитија, или барем преку блогови и Фејсбук“.

Сподели на Facebook