Можете да создадете исклучителен живот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

За многу луѓе ширум светот, зборовите на Лујза Хеј претставуваат светилник кој ги води од темнината на очајот до светлоста на подобриот живот. Шерил Ричардсон е една од многуте на кои Лујза делувала и самата да стане автор на бестселери.
Што се случува кога тие две ќе ја спојат својата мудрост во една книга?
Плодот на таа заедничка работа во овој момент го држите во раце. Лујза и Шерил ве носат низ поткрепливите и интимни разговори во оваа книга, така што ќе се чувствувате како да сте истовремено на ручек со своите најдобри пријателки и на час кај двајца лидери на движење за сопствено зајакнување.
Во текот на заедничкото патување по Северна Америка и Европа, Лујза и Шерил разговарале на разни теми вклучително и љубовта кон самиот себе, љубовта кон сопственото тело, свесното стареење, збогатување на светот со просперитет и изобилство, остварување кон позитивни односи – со семејството, пријателите, колегите и мирно и достоинствено соочување со смртта.
Овие две неверојатни жени претставуваат жив доказ дека духовните принципи, за кои станува збор во оваа книга, навистина функционираат. Додека ја читате, ќе откриете дека и самите вие можете да создадете исклучителен живот!
Отворените разговори на Шерил и Лујза ќе ве зајакнат, ќе ви го отворат срцето и умот, ќе ви го дадат неопходниот алат за создавање исклучителен живот  за каков отсекогаш сте сонувале.

Сподели на Facebook