Слободен достап до публикации/ Читална за периодика

PDFПечатиЕ-пошта

             Членовите на Библиотеката  имаат   слободен достап до богат и разновиден фонд на значајни домашни и странски примарни и секундарни публикации изложени во специјализираната читална за периодика.

             Во читалната за периодика корисниците можат самостојно и по свој избор да користат :

  • Најнови броеви странски сериски публикации од различни научни области;
  • Печатени домашни и странски прирачници со библиографски податоци за примарни документи како на пр.: Science Citation Index, Art and Humanity Citation Index, Social Science Citation Index, Dissertation Abstracts International, Bulletin scientifique, Македонска библиографија и други општи и специјализирани библиографии и каталози.
  • Избор на дневен, неделен и месечен печат од македонската продукција (Пулс, Дневник, Остен, Македонско сонце и др.);
Сподели на Facebook