Џоконда

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Го знаеме како ренесансен ѓение: иноватор, научник, уметник. Како визионер и сликар на Мона Лиза, таинствена Џоконда, Го знаеме како Леонардо да Винчи, Леонардо Фирентинецот: еретикот, касапот, залуденикот....
Зора е .Во шталата, на дрвена плоча стои морничаво суштество, делумно гуштер, делумно куче, делумно петел, скрпено од неколку искасапени животни. Седејќи пред него, момче црта чудовиште. Неговата прва помисла: на луѓето им е потребно да се спасуваат едни од други. Втората: на луѓето им е потребно да се спасуваат од самите себеси. Како осамено дете. Леонардо беше близок со Лиза Џерардина, девојчето што го следи во работилницата. Бидејќи домашниот учител крена раце од него, очајниот татко го праќа во Фиренца да учи занает. Под учителска рака на Верокие, мајстор вајар, тој почнува да ја гради славата. Но успехот бара жртви: Фиренца бара една доза на потчинување која за него е служба за харизматичниот, жеден за моќ војвода од Милано. Патувањето го враќа кај Лиза и кулминација на неговото животно дело, кај портретот што веќе бескрајно долго чека да го наслика.

Од блескавиот дворец Медичи па до мртовечницата во Милано и бојното поле во долината на По, извонредниот роман на Лусил Тарнер живо ја отсликува самотничката борба на Леонардо  за да ги убеди и другите во својот поглед на светот

Сподели на Facebook