Пустинска зора

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Варис Дирие, манекенка, амбасадор на Обединетите нации и жена со нескршлив дух, е навистина исклучителна. Родена во традиционално семејство на  пустинските номади во Сомалија, ја раскажа својата приказна – за тоа како на петгодишна возраст ги истрпела маките од обрежувањето; како избегала,  на дванаесет години, од дома низ пустината, за да го избегне договорениот брак; како  ја открил Теренс Донован додека работела во Лондон како чистачка; и конечно, како станала врна манекенка – во светскиот бестселер, книгата Пустински цвет. Иако Варис Дирие ја напуштила татковината, никогаш не ги заборавила земјата и културата  што ја  создале. Светот во кој владеат гладот и насилството и во кој жените немаат никакви права – истиот свет што речиси ја уништил, исто така и ја оспособил да опстане. Таа сега ги следи корените на својата  храброст, на издржливоста и хуморот, назад, се до Сомалија, а посебно да мајка си.
Пустинска зора е приказна за враќањето и сведоштвото, за непобитниот факт дека нешто можете да сакате искрено, а сепак да не го сакате она што го карактеризира. Пустинска зора е приказна за враќањето дома.
Сакав да се вратам онаму каде што сум родена и да го согледам тоа место со нови очи. Немав поим каде се наоѓа моето семејство во Сомалија. Тоа прво ми изгледаше невозможно – речиси исто колку штоп е невозможно девојче што чува камили да стане манекенка.

Сподели на Facebook