Ми припаѓаш мене

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

„Ми припаѓаш мене“ на Карен Роуз е мајсторска мешавина на неизвеснот и романса. Детективот Џ.Д.Фицпатрик и доктор Луси Трацк играат по страниците со симфониската совршеност. Секундарните карактери како партнерите, семејството и пријателите додаваат богати сцени и се средиште на приказната. Романот на Карен Роуз Ми припаѓаш мене е најдобра нејзина книга досега. Истрагата на суровите убиства што ја води детективот во Одделот за убиства, Џ.Д. Фицпатрик ќе го одведе до вратата на медицинскиот патолог доктор Луси Траск. Ниту детективот, ниту докторката не знаат зошто таа го привлекла вниманието на убиецот. И додека се обидуваат да откријат, мртвите тела продолжуваат да се натрупуваат, а Луси може да стане следна застрашувачка жртва во низата.
И додека се откриваат страшните детали за злосторствата на убиецот, полека почнува да зоврива и привлечноста меѓу патологот и детективот Фицпатрик. Меѓу тајните кои секој од нив ги крие и професионализмот што мора да го задржат, на прв поглед изгледа неверојатно дека Луси и Џ.Д. може да развијат љубовна врска. Минатото  на Луси, кое се заканува да и ја уништи иднината со Џ.Д. и решителноста на злосторникот да ја изврши одмаздата до крај ја исполнуваат секоја страница со драма што ги смрзнува коските.

Сподели на Facebook