Теодора

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Осудена на живот на актерка и на блудници не поради ниското потекло или поради неморалното воспитување, туку поради несреќата и бедата во коишто ја фрлила татковата смрт, Теодора  израснува во сурова, огорчена жена, научена не само да не ги покажува чувствата туку и да ги закопува длабоко во себе. Со доаѓањето во византиската царица дури тогаш ќе ја открие љубовта која ненадејно и ненамерно ќе ја доведе до целосна преобразба. Раскажувајќи ни за животот на Теодора од нејзиното детство. Стела Лафи не само што успева целосно да го реконструира животот на оваа необична жена и владетелка, притоа уривајќи ја претставата што најчесто ја имаме за неа, туку и ни ја доловува величенственоста на царската палата со сите политички интриги, толку вообичаени за тоа време.
Дури и најстрогиот читател нема да може да најде забелешки за оваа впечатлива биографија. Трансформацијата на главниот јунак што се случува пред нас во комплетниот византиски колорит е изведена маестрално. Од разврат до потиштеност, од огорченост до благородност, од восклиците на хиподромската публика до поклонувањето  на царската круна, со восхит ќе го следиме секој чекор на Теодора во нејзиното емоционално духовно созревање.
„Дафи одлично ја користи својата книжевна граѓа: не е занесено оживеана само нејзината Теодора, дреска блудница без влакна на јазикот, но со душа, туку и Цариград, треперливо      жив, - таа огромна царска престолнина чиј народ таа го побудалува и го заведува....Она што неизмерно го унапредува овој роман е пресвртната моќ   на христијанството во византискиот свет. Преобратувањето на Теодора не е како она на Савле, туку многу поубедлово:  никакво величествено богојавление, како што тоа уредно го забележува Дафи, туку постепена ерозија на нејзиниот цинизам“.

Сподели на Facebook