Во име на предците

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

„Повторно ме маѓепса! Јас не сум во состојба ништо друго да правам кога ќе почнам да ја читам новата книга на Тес за авантурите на Рицоли и Ајлс. Овојпат се заглавив во бостонскиот кинески град со Џејн. Мора и со другите и не можев да ја оставам книгата. Исто како и со претходните книги. Секогаш е така. Освен тоа, одвај чекам да излезе следната книга“ – Лорејн Брако.
Никој не е во состојба да ги држи читателите во таква напнатост како што тоа го прави една од најдобрите раскажувачки на приказни Тес Геритсен. „Њујорк тајмс“ вели дека кога експертските раце на Тес Геритсен ќе напишат нова книга треба да бидете подготвени за сите шокови и пресврти кои можете и не можете да си ги замислите.
Секое ново злосторство си раскажува своја приказна. Некои од нив не ви даваат ноќе да заспиете. Токму тоа и се случува и на детективката од Одделот за убиства Џејн Рицоли.
Во сивите сенки на една од уличките во кинескиот град пронајдена е пресечена женска дланка. На покривот на една од зградите пронајдено е телот на кое му припаѓа отсечената дланката – тоа е црвенокоса девојка со пресечено грло, облечена во црно. Два прамени бели влакна – кои не се човечки – закачени се на нејзиното мртво тело. Тие два прамени се единствениот патоказ за истрагата на Џејн Рицоли, но се сосема доволни за медицинскиот вештак Мора Ајлс да открие  нешто шокантно: оваа насилна смрт си има своја морбидна предисторија.
Деветнаесет години претходно, во еден  ресторан во кинескиот град се случува масакр по кој се пронајдени пет мртви тела. Но, една жена која била поврзана со масакрот е се уште жива: мистериозната учителка по боречки вештини која ја знае тајната, не сака да ја каже, тоа е тајна која живее и демне од сенките на Кинескиот град. Таа тајна можеби и не е поврзана со човечко суштество. Сега, жената е цел на некого, на нешто што е длабоко и безусловно – ЗЛО.
Рицоли и Ајлс мораат да го откријат непријателот што не можат да го видат, но чие присуство ги смрзнува коските на оние кои нема да настрадаат од неговиот меч



Сподели на Facebook