Писмото на госпоѓа Вилма

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Сите оние кои беа воодушевени од Рингишпил сигурно многу ќе се израдуваат на новиот роман од истата авторка. Писмото на госпоѓа Вилма нема ниту на момент да ги разочара вашите очекувања.
Приказната започнува кога Артур Вајс, професор по компаративна книжевност кој заедно со својата сопруга и своите три деца живее во Америка ќе посака да дознае нешто повеќе за минатото на својата фамилија, ќе посака да ги открие своите корени.
Од својот ладен и бесчувствителен татко Артур не ги добива посакуваните одговори туку сè што добива е едно писмо од неговата братучетка Гизела која живее во една далечна балканска земја - Србија. После една тешка сообраќајна несреќа тој одлучува да оди во Србија и да ги открие сите семејни тајни.
Гизела на својот роднина му дава едно писмо т.е. дневник на нивната баба Вилма. Читајќи го Артур се соживува со интимната исповед на неговата баба. Вилма е жената која се жртвувала за целото свое семејство, која се омажила без љубов, жена која ги обожавала своите синови, но и жена која страсно љубела. Низ страниците на дневникот Артур ќе ги открие одговорите на сите свои прашања.
Ќе бидете во неизвесност сè до самиот крај и ќе сочувствувате со секој лик од романот, ќе бидете нем сведок на случките на едно семејство.


Сподели на Facebook