Чокохоличарка на диета

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Некои жени се зависни од шопинг, други не можат без шампањско. Некои жени сакаат да се склопчат со добра книга во рацете, а други да ја поминат ноќта во градот.
За Луси Ломбард постои само една работа без која не може, а тоа е чоколадата – богата, креместа, слатка, вкусна чоколада. Според неа, не постои ништо што чоколадата не може да го излечи, од скршено срце до главоболка. И уште нешто, ова не го мисли само таа. Својата страст кон чоколадото ја дели со уште три свои другарки, исто така чокохоличарки : Отум, Надја и Шантал. Заедно имаат формирано мала, но одбрана група позната како Клуб на љубители на чоколадата. Секогаш кога се во некоја криза, тие се собираат во своето светилиште, кафетерија по име Чоколаден рај. А со неверно момче кое ветува дека ќе се промени, со шармантен шеф, со сопруг кој се коцка и со брачна криза, секогаш има многу теми за разговор.....

Сподели на Facebook