На прв поглед

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Исклучителната љубовна приказна започната во Вистински верник, продолжува во романот на Прв поглед.
Џереми Марш со сигурност знаел дека никогаш нема да замине од Њујорк и веќе никому нема да му го даде своето срце. Откако ќе го преболедува распаѓањето на првиот брак, Џереми сега живее во малиот град Бун Крик во Северна Каролина, свршен е за Лекси Дарнел, љубовта на неговиот живот. Но токму кога животот навидум тече блажено, една таинствена и вознемирувачка порака ќе раздвижи низа настани што ќе влијаат врз врската на младата двојка.
Колку вистински ги познаваме оние што ги сакаме? Како ги решаваме неизбежните сомневања, родителските стравови па и препреките што се појавуваат понекогаш на нашиот пат?
Продолжувајќи ја приказната на Спаркс за младата девојка претставена во Вистински верник, овој роман зборува за страдањата, напнатоста, романсата и изненадувањата на сите млади брачни двојки.
Восхитувачка приказна за љубовта меѓу мажот и жената и меѓу родителите и детето. На прв поглед раскажува за завршоците што отвараат нови почетоци.... за трагедиите што доведуваат до незамисливи радости.... и, пред се, за магијата на вечната љубов.

Сподели на Facebook