Три силни жени

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Наградата „Гонкурс“ е една од најпрестижните книжевни награди во Франција. Се доделува еднаш годишно за книжевно остварување на француски јазик, чијшто автор со својот стил оставил  особен пеат во француската литература. Наградениот роман за 2009 година “Три силни жени“(“Trois femmes puissantes”)  од француската писателка со западноафриканско потекло, Мари Ндиај ( Marie Ndiaye, родена 1967), на особено инвентивен и матафоричен начин ја раскажува животната историја на три хероини што го живеат современиоит живот на африканскиот континент. Во три одделни раскази, но поврзани во книгата, прикажани се ликовите на три решителни, храбри суштества кои поминуваат низ тешки искушенија и разделби. Но бидејќи поседуваат доблест, силна физичка конституција и парадоксално богата душевна и умствена сила, успеваат да ги надминат бруталните понижувања и конечно излегуваат од маргините на животот.
Ова романеско дело напишано со извонредено богат прозен израс, богат вокабулар и елоквентен стил се темели врз вистинска истражувачка постапка, што е еден од критериумите за добивање на гонкуровата награда. Таа вистина што оди до конретни детали, ја издигнува визијата за хуманоста која во романот е проследена со патила и претставува посебна вредност на романот.




Сподели на Facebook