Некој како тебе

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Хали и Скарлет се најдобри пријателки уште откако се запознаа. Хали отсекогаш е поповлечена. Секогаш кога и е тешко се обраќа за помош на својата похрабра и поотворена другарка која често знае како да постапува. Тие двете совршено се согласуваат. Но сето тоа се менува на почетокот од новата училишна година. Момчето на Скарлет  загинува со мотор во сообраќајна незгода, а таа набргу по тоа открива дека носи негово дете. За првпат откако има пријателка, сега нејзе и е потребна поддршката на Хали. Затоа Хали мора да научи како да ја поддржи. Тоа нема да биде лесно, но Хали е свесна дека не смее да ја изневери својата пријателка. Зашто вистинското пријателство се врзува засекогаш

Сподели на Facebook