Бања

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

10) Седнат на работ на кадата, и објаснував на Едмодсон дека можеби не е баш здраво, на дваесет и осум години, наскоро дваесет и девет, да живеам горе-долу повлечен во када. Морав да преземам ризик,  бев со спуштен поглед, додека го мазнев емајлот на кадата, да ризикувам за да ја разнишам смиреноста во мојот апрстрактен живот за да...Не ја довршив мислата.
11) Утредента излегов од бањата Романот на Тусен започнува во еден навидум мирен и обичен ден. И одеднаш, на една стрелка од пикадо лета низ воздухот и се забодува во челото на придружничката на нараторот. Се понатаму е чист, детерминиран хаос исполнет со многу хумор.
Има некоја чудна привлечност  во стилот на изразувањето на Тусен. Тие се прецизни, ритмични, течни, како да му се лизгаме низ раце. И на крај тука се настаните, или не-настаните, кои се случуваат во непосредна близина на главниот лик. До тенкоста е опишано што се случува на дофатот од раката или од погледот на ликовите, кои се луѓе од обичниот живот – средна висока класа. Ги гледаме како се муваат, ги слушаме како зборуваат, како се прегрнуваат... ги гледаме кога ќе им се истопорат на гости двајца Полјаци. Одеднаш во рамниот и едноличен живот несреќата со стрелката од пикадо зема форма на распамтувачка катаклизма. Крајно луцидно и забавно четиво.    


Сподели на Facebook