Одлука

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Николас Спаркс со години ги одушевува читателите со своите исклучителни романи. Својот вонсериски талент го искажува и во новата приказна за пронајдената и изгубена љубов.
Травис Паркер има се што човек може да посака – добра работа, верни пријатели, дури и куќа на брегот во едно гратче во Северна Каролина. Целосно ужива во убавиот живот, негувајќи нејасно уверување дека сериозна врска со жена само би го попречувала неговиот начин на живот.
Се додека прва сосетка не му стане Габи Холанд.
И покрај обидите да биде љубезен, Габи изгледа има нешто против него. Сепак, неговата сосетка незапирливо го привлекува и упорноста на Травис ќе ги одведе и двајцата на пат кој ниту едниот ниту другиот не можеле да го предвидат. Опфаќајќи ги возбудливите години на почетокот на љубовта, брачниот и семејниот живот, Одлуката на крајот не доведува до најболното прашање – до каде треба да се оди за да се одржи надежта во љубовта?
„Ова е книга која на прв поглед изгледа како и многу други, но кога ќе ја прочитате, ве восхитува вредноста која во себе ја крие“.



 

Сподели на Facebook