Двојничка

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Повторно уште едно неверојатно добро дело на авторката од чии приказни и здивот ќе ви се заледи, маестралната Тес Геритсен.
Овојпат станува збор бостонската медицинската истражителка д-р Мора Ајис, која како судски паталог секојдневно се среќавала со тела на свирепо убиени луѓе. Веќе беше и навикната секое тело што ќе го прегледува да биде што помонструозно од претходното, дури до непрепознатливост. Но, еден навидум обичен ден во својата работна соба ја чекаше необична задача - новодонесената жртва беше идентична со неа... Како е возможно тоа? Едноставно таа и жртвата беа идентични, личат како јајце на јајце.
Нема крај на вчудоневидувањето кога д-р Мора Ајис ќе ги погледне личните документи на жртвата - незамисливо таа и жртвата се родени на ист датум, во ист месец, во иста година, а исто така имаат и иста крвна група. И сосема доследно на Тес Геритсен, сличностите кулминираат кога ДНК анализата покажува дека всушност д-р Мора и убиената жртва навистина се сестри-близначки. Најчудно од сè е тоа што д-р Мора воопшто не ни знаела дека некаде има своја сестра-близначка или двојничка. Зошто нејзината мајка не ѝ го кажала тоа? И што навистина се крие позади нејзината насилна смрт?
Одеднаш навидум обичната работа за д-р Мора се претвора во вознемирувачко патување во сопственото минато, каде што можеби и се крие убиецот. Но, дали навистина е така или виновникот треба да го побара на сосем друго место? Дали тој цело време е пред неа, а таа не го забележува? Понатаму, заклетвата дека ќе го пронајде убиецот на својата близначка се претвора во лична опсесија, која постојано ќе ја следи насекаде и во секој чекор за на крајот да ја одведе право во цврсто исплетената мрежа од интриги на можеби најмрачниот злосторник што го сретнала во својата кариера. Дали и таа ќе стане негов плен или сепак и овде ќе важи изреката дека помудриот секогаш го победува посилниот?
Дознајте откако ќе го прочитате и овој бестселер на ненадминливата Тес Геритсен, која уште еднаш, по кој знае кој пат црно на бело ќе ви прикаже на што сè е подготвен човековиот перверзен ум за да ги задоволи своите амбиции. Уште еден нејзин роман кој изобилува со напнатост во воздухот, чие ниво постојано се зголемува за спектакуларно да го достигне врвот на самиот крај. Книга која се чита од корица до корица, буквално во еден здив.

Сподели на Facebook