Забранет поглед

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Римската експозитура во градот Едеса е под постојан напад од персиската војска на шахот Шапур Први. Императорот Лицин Валеријан се согласил да преговара лице в лице со противникот за мировниот договор, но неочекувано паѓа во заседа и заедно со дванаесет легионери гардисти е заробен и одведен да робува во персиските рудници за тиркиз.
По многу месеци принудна работа, императорот умира, но неговата гарда успева да побегне под водство на таинствениот Марко Метел Аквила. Ќе го запознаат скриениот прогонет кинески принц Дан Чинг, ќе се согласат да му обезбедат сигурен пат до татковината и ќе му помогнат да си ја поврати круната од рацете на опасниот евнух Веј.

Сподели на Facebook