Тагата на самурајот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ако сакате одличен љубовен роман, тогаш го наоѓате во редовите на Тагата на самурајот, ако трагате по совршен трилер, тогаш Виктор дел Арбол го напишал за вас.
Или пак, можеби претпочитате историска фикција во која ќе препознаете ликови од минатото на Каталонија?
Дејството во книгата се одвива во Шпанија и е поделено во два дела, во 1941 и 1981 година. Целата оваа приказна започнува со ликот на аристократката Изабел која се вмешува во заговор за убиство на нејзиниот сопруг со кој има две деца.
Но таа завршува издадена од љубовникот и сето тоа има лоши последици врз нејзиниот живот. Приказната продолжува четириесет години подоцна преку ликот на адвокатката Марија, која несвесна за сето она кое нејзиниот татко го сторил во минатото, се вплеткува во целиот тој заговор, заговор од кој страдаат многу невини животи. Колкава е човечката амбиција и колку далеку може таа да отиде?
Насловот на оваа книга е само метафора, а на вас оставам да откриете за што станува збор.
Во книгава ќе пронајдете одличен трилер, мистерија, животна и љубовна приказна, ќе уживате во секој нејзин збор и во секоја наредна страница.Ова е роман кој едноставно мора да се прочита, задолжителна литература за секој љубител на пишаниот збор. Ова дело е еден книжевен десерт кој морате да го проголтате!!!
Книжевно дело која ја спојува алката која недостасуваше помеѓу Карлос Руиз Зафон и Стиг Ларсон, и е емотивна синтеза на стилот на Зима во Мадрид од К.Џ.Самсон и Паскал Мерсие...



Сподели на Facebook